Следи нѐ
To Top

Повремени поројни врнежи во текот на денов

Северозападниот дел од Македонија (полошкиот регион и Скопската котлина) утрово е зафатен од поголема влажна и нестабилна воздушна маса, која услови врнежи од дожд од пороен карактер проследени со ретки грмежи.

– Според радарските и сателитските слики, оваа маса се движи кон исток. Во Скопската котлина наскоро врнежите ќе ослабнат по интензитет меѓутоа по извесно време се очекува повторно поинтензивен дожд, повремено пороен со ретки грмежи. Набрзо врнежи од дожд ќе има и во југозападните делови од земјата, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Околу пладне ќе има престанок на врнежите скоро насекаде, а повторно ќе се интензивираат попладне и во вечерните часови, особено во источните и југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 22 степена. Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во текот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време со почести врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Дневните температури благо ќе опаднат.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.