Следи нѐ
To Top

Земјотрес почувствуван во југоисточна Македонија

Земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала е почувствуван попладнево во 15:02 часот во Дојран, Гевгелија, Богданци, Валандово и Струмица.

Според Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје, епицентарот на земјотресот бил во гевгелиското епицентрално подрачје, на 136 киломери југоисточно од Скопје и на 8 километри северно од Стар Дојран.

Земјотресот е почувствуван во Дојран и Богданци со интензитет од IV степени, а во Валандово и Струмица со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.