Следи нѐ
To Top

Најлуксузното сместување во Њујорк изнесува 75.000 долари за ноќ

Доколку сакате во Њујорк да добиете најлусузно сместување за него ќе треба да издвоите 75.000 долари.

Толку ќе ве чини сместувањето во пентхаус на врвот на „Марк Хотел“ во Њујорк. Апартманот е дизајниран од Жак Франс и вклучува пет соби, четири камини, шест бањи, големо пијано и два бара.

Како сето тоа да не е доволно, па во него има и библиотека, трпезарија, конзерваторииум и тераса на покривот, што нуди поглед врз Централ парк.

Доколку сакате нешто „поскромно“ посетете го апартманот „Тај Вернер“ во хотелот „Four Seasons“ во Њујорк, во кој за една ноќ ќе платите „само“ 50.000 долари.

Овде гостите лично се услужени од батлер, кој им е на располагање 24 часа дневно. Гостите добиваат и неограничено количество кавијар, шампањско, спа услуги и свој возач, кој ќе ве вози до посакуваниот дел од градот и тоа со „Ролс Ројс“.

На трето место меѓу најскапите њујоршки сместувања е „Суит 5.000“ во хотелот „Мандарин Ориентал Њујорк“ што ќе ве чини „само“ 36.000 долари за една ноќ.

Гостинот во ова прениоќиште на располагање има огромна колекција плочи и гардеробер со облека и накит кои го носат потписот на модната куќа „Диор“.

На крајот следат претседателскиот апартман во „Сент Рецис“ (35.000 долари), „Тата Суит“ во „Пиер“ (30.000 долари) и претседателскиот апартман во „Парк Хајат“ (30.000 долари).

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.