Следи нѐ
To Top

Погледнете како Џош Стоун звучи на македонски! (ВИДЕО)

Боженствено! Тоа е првата помисла што ви доаѓа на ум откако ќе го слушнете дуетот на песната „Кој да ми запее“ на светски позната Џош Стоун со нашето македонско девојче, Каролина Гочева.

Инаку, Стоун минатиот викенд гостуваше во Македонија во рамки на нејзината светска турнеја на покана на скопскиот Џез фестивал.

Џош на својот фејсбук профил напиша:

– „Погледнете го целото видео од мојата соработка со убавата Каролина Гочева. Таа има толку прекрасен и инспиративен глас. Си поминавме навистина убаво пеејќи ја оваа песна, која ни го разубави денот. Благодарам Македонија, убава земја со убави луѓе, се надевам ќе се видиме повторно!“ – вели британската пејачка.

Во продолжение погледнете го видеото:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.