Следи нѐ
To Top

Променливо облачно со краткотраен локален дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со краткотраен локален дожд, повеќе врнежи се очекуваат во југоисточниот дел на земјава.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно со пониски дневни температури, локално е можен краткотраен дожд, особено во западните планински предели.

В среда ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа повторно се очекува извесно стабилизирање на времето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.