Следи нѐ
To Top

„Турандот“ утре во МОБ

Утре со почеток во 20 часот, во реновираниот салон на Македонската опера и балет, ќе биде изведена спектакуларната претстава „Турандот“ на Џакомо Пучини.

Годинава, на 25.03. „Турандот“ имаше нова премиера, со нова авторска екипа, нова режија, сценографија и костимографија и наиде на одличен одѕив , како кај публиката, исто така и кај критиката. Во новата продукција на „Турандот“ во вторник ќе настапат: Весна Ѓиновска-Илкова, во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија NESSUN DORMA, ќе настапи Ѓорѓи Цуцковски, Лиу: Сандра Митровска, Тимур: Игор Дурловски, Пинг: Кристијан Антовски, Панг: Дарко Нешовски, Понг: Дејан Стоев, Мандарин: Славчо Димовски, Алтоум: Марјан Николовски, Принцот од Персија: Дарко Нешовски, Џелат: Тихомир Јакимовски.

Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, инаку син на прославениот тенор Марио дел Монако, а диригент, Бисера Чадловска.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.