Следи нѐ
To Top

ВЖЕШТЕНА ИЗБОРНА КАМПАЊА: Скулптура на Хилари Клинтон со копита (ФОТО)

Во центарот на Њујорк беше поставена бизарна полугола статуа на демократскиот кандидат за американски претседател Хилари Клинтон, на кој таа наместо нозе има копита.

Статуата, која предизвика противречни реакции во САД, претставува фигура на Клинтон крај која стои банкар од Волстрит, кој ѕирка покрај нејзините гради.

Како што објави „Дејли Њуз“, скултурата поставена во финансискиот кварт на Менхетен, претставувала протестен перформанс, кој траел три часа, по што една револтирана жена го нападнала авторот на кипот, 27-годишниот уметник Ентони Скиоли.

Поставувањето на кипови со политички пораки не е новина во изборните кампањи во САД. Така, досега во неколку американски сојузни држави се појавија исмевачки скултури на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Бојата на 2017 година е светлозелената!

    Секоја година, од 2000 наваму, американскиот производител на индустриски бои, Пaнтон ја избира најмодерната боја за наредната година, па така, за следната...

    Информативна Редакцијаоктомври 19, 2016
  • На повидок нова кралска венчавка?!

    Откако принцот Хари ги прекрши правилата на британското кралско семејство за да ја посети својата девојка Меган Маркл во Канада, се...

    Информативна Редакцијаоктомври 19, 2016
  • Наместо брак десетгодишен договор за врска

    Во светот денес во просек повеќе од една третина од браковите завршуваат со развод, поради што експертите ги советуваат паровите наместо...

    Информативна Редакцијаоктомври 19, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.