Следи нѐ
To Top

Инстаграм воведе нова опција која може да спаси животи

Инстаграм денови воведе нова опција која би можела да спасува животи.

На оваа популарна платформа тинејџери неретко објавуваат постови за депресија, нарушување во исхраната и други проблеми кои спаѓаат во доменот на психичкото здравје. Токму поради тоа, Инстаграм воведе опција каде можете да пријавите пост на лице за кое сметате дека би можело да биде во опасност.

Потоа, Инстаграм на тоа лице ќе му испрати порака за да му понуди помош преку совети и контакт центари. Исто така, ако во пребарувачот впишете #ImNOtOk, Инстаграм и на вам ќе ви понуди опција за помош.

– Некој го виде твојот пост и мисли дека минуваш низ тешки моменти. Ако ти е потребна поддршка, ние сме тука да помогнеме, гласи пораката, а некои од опциите кои се нудат се разговори со пријател, контакт со СОС линија и некои предлози околу проблемите. Постовите се пријавуваат целосно анонимно.

Марк Цукенберг, сопственик на Фејсбук и Инстаграм, новата опција ја изработи во соработка со неколку американски национални асоцијации за ментално здравје, со цел на неговите корисници да им укаже дека менталното здравје е подеднакво важно како и физичкото.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

error: Содржината е заштитена со авторски права.