Следи нѐ
To Top

ФАНОВИТЕ ПОЛУДЕА: Чашата од која пиел Џастин Бибер достигна вредност од 65.900 фунти

Џастин Бибер вечерал во еден ресторан во британски Есекс и испил една чаша млеко.

Келнерите не сакале да ја измијат чашата, туку одлучиле да ја продадат на иБеј.

– Не можевме да веруваме кога влезе во ресторанот. Тој беше многу релаксиран, разговаравме со него за се и сешто. Дури му раскажувавме и приказни за духови, затоа што овој ресторан наводно е проколнат, раскажа една од келнерките за Сан.

– Тој брзо мораше да си оди за да ја избегне толпата фанови кои веднаш би стигнале ако знаеа дека е таму. Откако тој замина, пристигнаа некои деца од блиското училиште на кои им го дадовме неговото шише со вода, но чашата одлучивме да ја оставиме за себе. За забава ја ставивме на иБеј да видиме колку можеме да добиеме за неа, рече келнерката.

Аукцијата почна со минимална сума од десет фунти, но сега веќе достигна сума од 65.900 фунти.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.