Следи нѐ
To Top

Епл става „крај“ на стариот, добар Ајфон 4

„Епл“ наводно се подготвува да го стави „стариот добар“ „Ајфон 4“ на својата листа на „застарени” телефони, што ќе го направи потенцијално безвреден.

Тоа би значело дека технолошкиот гигант ја прекинува поддршката за тој уред, вклучувајќи сервис, ажурирање на софтверот и обезбедување на резервни делови. Производите на „Епл“ почнуваат да се сметаат за застарени по пет години, откако ќе престанат да се произведуваат.

Компанијата на својата интернетска страница наведе дека  ја прекинува поддршката за одредени „технолошки застарени производи”.

На листата на овие уреди се најдоа „Ајфон 3ГС“ и „Ајфон 4 ЦДМА“, а медиумите тврдат дека наскоро ним ќе им се придружи и „Ајфон 4“, кој не може да се надградува преку iOS 7.1.2.

„Мекбук Ер“ моделот, кој беше претставен во 2010 година, наводно исто така го стигнал нивото на застареност, а според јапонската страница „Мацотакара“, како датум на истекување се смета 31 ноември.

Последните вести за овие производи на „Епл“ стигнуваат со шпекулации дека компанијата планира кон крајот на овој месец да ја претстави ажурираната верзија на „Мекбук“ и нови „Ајпади“.

„Епл“ во минатото ја покажа своја немилосрдност кон некои од постарите модели и технологии. Производителот на паметни телефони се најде на удар поради неодамнешна одлука да го отстрани влезот за слушалки на „Ајфон 7“. Наскоро можат да ја прекинат и технологијата за лозинки, бидејќи на „Ајфон8“ наводно ќе се најде систем за скенирање на зениците на очите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

error: Содржината е заштитена со авторски права.