Следи нѐ
To Top

Кејт Мидлтон повторно бремена?!

Списанието „Life&Style“ тврди дека во кралското семејство пристигнува трето бебе, но веста официјално се уште не е потврдена.

Наместо радост заради бебето, на кралскиот двор наводно владее загриженост за здравјето на сопругата на прницот Вилијам, пренесува Фена.

– Кејт е многу слаба и нема енергија, тврди непознат извор.

Кај нив, наводно, се вселила нејзината мајка која внимава таа редовно да јаде и повеќе да се грижи за своето здравје. Наводно Кејт многу ја исцрпувале утринските мачнини заради кои нема енергија за извршување на своите дневни обврски.

Списанието пишува дека нејзината сестра Пипа не е многу среќна поради тоа. Имено, Пипа неодамна се вери и подготвува свадба, па наводно не сака новото кралско бебе да ја стави во сенка.

– Пипа размислува за тоа да ја одложи свадбата додека Кејт не се породи, тврди извор за списанието.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.