Следи нѐ
To Top

МРТ: Откажан Скопскиот фестивал и Детскиот евросонг поради одлуката на ЗАМП

Вчеравечер Македонската Радио Телевизија ја информираше јавноста дека Скопскиот фестивал оваа година ќе биде откажан, поради одлуката на ЗАМП за забрана на емитување на македонска музика.

Имајќи ги предвид актуелните состојби иницирани од страна на ЗАМП со забраната за емитување на дела од македонски автори коишто ја изместија програмската шема и му нанесоа штета пред се на македонскиот аудиториум, а со оглед на нивното неизвесно решавање во скоро време.

МРТ со жалење ја информира јавноста дека е принудена да го откаже одржувањето на годинашното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2016“.

Со оглед на фактот што за реализација на фестивалот се потребни вложување на време и труд на голем број најразлични профили и големи финансиски средства, а престанокот на забраната од ЗАМП е неизвесен, Македонската Радио Телевизија реши да го откаже одржувањето на годинашното издание Скопскиот фестивал.

Истовремено ваквата одлука, МРТ дополнително ја поткрепува со ноншалантниот однос и немањето слух ниту став и одговор од ЗАМП во однос на официјалното барање на јавниот радиодифузер за изземање од забраната во текот на емитувањето на директниот пренос од годинашново издание на Јуниорскиот Евросонг во Малта, на којшто како претставник на Македонија настапува нашата Мартија Станојковиќ.

Барањето беше поднесено на 05.10.2016 година, а поради немањето официјален став од страна на ЗАМП, македонската песна претставничка немаше официјална телевизиска промоција со што МРТ беше принудена несоодветно и нецелосно да одговори на веќе востановените и прифатени процедури и обврски кон ЕБУ.

Иако апелиравме дека станува збор за најсензитивниот дел од нашата публика – децата, МРТ ќе ја почитува и овој пат забраната на ЗАМП, без оглед на скандалозниот медиумски преседан којшто дефакто ќе биде предизвикан од ваквиот потег во тек на директниот пренос, стои во соопштението на МРТ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.