Следи нѐ
To Top

ЛОНДОН ОД ВОЗДУХ: Погледнете ја убавината на англиската престолнина (ВИДЕО)

Град со најстара подземна железничка станица во светот, со втора црква по големина, со повеќе од 11.000 ресторани и кафулиња. Секако тоа е Лондон, една од најголемите светски метрополи.

Лондон за почеток најлесно ќе го запознаете ако седнете во некои од специјализираните црвени автобуси, кои нудат организирано разгледување и им се препуштите на туристичките рути да ви ги откријат убавините на англискиот град.

Тоа што Лондон го прави препознатлив во целиот свет е неговииот Парламент и најпознатиот часовник Биг Бен.

Во градот ќе се сретнете со голем број стадиони, како „Вембли“, „Емиратс“ и „Стамфорд Бриџ“, но и со голем број паркови и градини, почнувајќи од Хајд парк и Регент парк, па до оние помалку познатите, кои најчесто се нарекуват „клуч градини“, затоа што се во сопственост жителите на околните згради, кои плаќаат посебен данок за нив и единствено тие можат да ги отклучат и уживаат во нивната убавина.

Сепак пред да одлучите да го посетите Лондон, погледнете ги овие фасцинантни видео снимки снимени во 4К резолуција со дрон од воздух.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

error: Содржината е заштитена со авторски права.