Следи нѐ
To Top

МАГАЗИНОТ „ВОГ“ ЗА МАКЕДОНИЈА: Секој оброк е подготвен со страст и љубов

Каде и да одиш, секој оброк е подготвен со страст и љубов, без разлика дали си во центарот на Скопје или во дневната соба на земјоделец од локално село. И не само тоа, овде акцентот е целосно ставен на квалитетот, што значи се што се прави од почеток, без адитиви и конзерванси, на кои што толку многу сме навикнати во западната кујна.

Ова е само дел од репортажата за Македонија објавена во вчерашниот број на светски реномираниот „Вог“ .

Под насловот „Зошто Македонија станува новата дестинација за гурмани“, „Вог“ ја опишува земјава како идеална дестинација за храна каде луѓето се едни од најгостољубивите на светот, а природната убавина го одзема здивот.

– Македонија е претежно планинска земја и под влијание на различни клими, од долините на југ, до врвовите на југозападниот регион или областите на Охридското и Преспанското езеро. Но, ова е само една од главните причини поради кои може да произведе толку широк спектар на овошје, зеленчук и житарици, еден дел од сложувалката. Другиот произлегува од фактот дека земјоделците тука ретко користат пестициди или адитиви. Нивните фарми отсекогаш биле органски, стои во написот.

08-macedonia-food-guide

Преку разговори со производители, сопственици на ресторани и хотели, „Вог“ се осврнува на спецификите на македонската кујна, на труското влијание што го претрпела за време на отоманската империја, како и на денешните, актуелни трендови.

– Додека светот се уште интензивно бара да се врати на органска храна, руралните средини во Македонија и домаќинствата тука, тоа го прават со децении. Овој концепт на т.н стара школа им дава на нашите земјоделски производи полн вкус. Тоа го прави секој зеленчук и овошје посочни, месото посвежо и помеко. Некои од нашите јадења можеби не изгледаат убаво, но тие се вкусни и здрави, вели еден од соговорниците.

Во текстот се спомнуваат Јанче и Дихово како едни од поатрактивните локации кога станува збор за гастрономијата.

Репортажата завршува со препораки за места кои секој гостин во земјава мора да ги посети, а во целост може да се прочита на http://www.vogue.com/13495447/macedonia-foodie-crawl-slow-food/

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.