Следи нѐ
To Top

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО ДЕЖАВУ: И пејачот Џенан Лончаревиќ донираше за новинарката Маја

Пејачот Џенан Лончаревиќ дојде во кафе-ресторанот „Дежаву“ во трговскиот центар Капитол и купи две фотографии на хуманитарниот настан за новинарката Маја Велјановска.

Продажната изложба на фотографии започна утрово, а средствата ќе бидат наменети за претстојната операција на новинарката Маја Велјановска која боледува од рак на коските.

Настанот е во организација на нејзините колеги фоторепортери, на чело со фотографката Јасна Суша од магазинот „Свет“ кои ја започнаа акцијата за собирање парични средства со продажба на ниви фотографии под мотото „Купи фотографија, подари момент“.

14794063_562481093962007_1289315769_n

Цената на фотографиите е од 500 до илјада денари.

Фотографиите кои ги купи Лончаревиќ се на фотографот Горан Десковски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.