Следи нѐ
To Top

ЕРИКСОН: Ниту сме сопственици на опремата, ниту оперираме со неа

Од компанијата Eриксон соопштија дека добиле барање од Специјалниото обвинителство за техничка асистенција во истрагата за прислушувањето.

СЈО бара од Ериксон експерт кој ќе може да помогне во аферата за нивно учество во процесот на расветлување на аспектите од аферата.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот одговор од компанијата:

– „ЕРИКСОН потврдува дека на 19-ти октомври 2016 година доби барање од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по судска наредба од Основниот суд Скопје 1 во Скопје, за техничка асистенција заради истрага и во врска со функционалноста на законското пресретнување на комуникации. За понатамошни информации поврзани со оваа истрага, Ериксон ве упатува на Специјалното јавно обвинителство за овој случај“ се вели во соопштението.

Се додава дека „законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функционалност во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти.Ериксон, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на системи за законско пресретнување“ пишува во соопштението.

Ериксон потенцира дека веќе не е сопственик на опремата, ниту пак на било кој начин оперира со опремата за законско пресретнување на комуникациите во Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.