Следи нѐ
To Top

Статуата на „голиот“ Трамп продадена на аукција за 21.000 долари

Статуата на голиот кандидат на републиканците за претседател на САД, Доналд Трамп, во природна големина беше продадена вчера на аукција во Лос Анџелес за 21.800 долари, пренесоа ДПА и ТАСС.

Голата статуа, наречена „Царот нема топки”, беше продадена во аукциската куќа Џулиенс Аукшнс, се наведува во соопштението на нејзиниот официјален сајт на Твитер.

Фигурата на голиот Трамп со огромен стомак и исклучително мал пенис силно се појави во август, кога активисти поставија пет такви исти статуи во Сан Франциско, Њујорк, Лос Анџелес, Кливленд и Сиетл. Слики и селфија со делото го преплавија интернетот.

Властите ги отстранија статуите уште истиот ден кога се појавија.

Организаторите прецизираа дека засега не се планира продажба на која било од другите голи статуи на Трамп.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Наместо брак десетгодишен договор за врска

    Во светот денес во просек повеќе од една третина од браковите завршуваат со развод, поради што експертите ги советуваат паровите наместо...

    Информативна Редакцијаоктомври 24, 2016
  • Осум правила за уживање во кафето

    Уживателите на кафето секојдневно се соочувуаат совети и мудрувања околу тоа – дали кофеинот е штетен или полезен.

    Информативна Редакцијаоктомври 24, 2016
  • Руски научници од јаглен направиле злато

    Научници од руската Амурска Област по долгогодишни истражувања успеале да дојдат до заклучок дека е можно од искористен јаглен да се...

    Информативна Редакцијаоктомври 24, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.