Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи – од петок заладување со снег

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд претежно во северните и источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од девет до 12, а дневната од 17 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Слаб повремен дожд ќе има и утре, а од попладневните часови и преку ноќта кон петок врнежите повремено ќе бидат поинтензивни. Поради спуштање на студен воздух од север во петок претпладне на повисоките планини во северозападните делови од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат и под нулата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.