Поврзи се со нас

Популарно.мк

КУКУ ЛЕЛЕ СО НОВ ХИТ: Лисици црни имам за да те врзам јако

МК Сцена

КУКУ ЛЕЛЕ СО НОВ ХИТ: Лисици црни имам за да те врзам јако

„Лисици црни имам“ е насловот на најновата песна на моментално едни од најбараните изведувачи во земјава, Панки и Роберт Саздов од „Куку Леле“.

Зад текстот, музиката и аранжманот на новата песна се потпишува Роберт Саздов, а пред неколку дена беше снимен и доста провокативен видеоспот.

– На снимањето на спотот беше многу динамично и возбудливо. Видеото за „Лисици црни имам“ е дел од кватрологијата која ни е планирана за 2016 година. Две песни веќе се објавени, „На сон ми доаѓаш“ и „Шутни го бејби“ , а оваа ќе биде трета. По неа подоцна ќе ја објавиме и четвртата песна, но сите ќе бидат сите поставени на еден линк како една подолга видеоприказна – вели Роберт.

Покрај Роберт и Панки во спотот се појавуваат седум атрактивни девојки, а за снимањето биле користени и разни реквизити од продавницата за сексуални помагала „Валијант“.

Песната и видеоспотот ќе бидат промовирани за многу скоро време, а дотогаш уживајте во последната песна на „Куку Леле“, „На сон ми доаѓаш“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.