Следи нѐ
To Top

МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА СЕ ВРАЌА ВО ЕТЕР: Министерството за култура ја укина забраната на ЗАМП

Министерството за култура, во согласност со својата законска надлежност утврдена со Законот за авторското право и сродните права, по извршниот надзор над Одлуката на Собранието на ЗАМП бр. 493-1-0201 од 19.09.2016 година, донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување.

Министерството за култура соопшти дека донело решение за запирање од извршување на одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување бидејќи е оценето оти не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права.

Министерството за култура, во согласност со својата законска надлежност утврдена со Законот за авторското право и сродните права, по извршниот надзор над Одлуката на Собранието на ЗАМП бр. 493-1-0201 од 19.09.2016 година, донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување. Од надзорот на Министерството за култура над Одлуката на Собранието на ЗАМП се констатираше дека Одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права, стои во соопштението.

Во согласност со член 157 став 1 од Законот, се наведува, доколку во спроведување на надзорот над актите на организацијата за колективно управување Министерството за култура оцени дека општ или поединечен акт не е во согласност со Законот, статутот, односно договорот за основање, со решение ќе го запре од извршување и ќе поведе постапка пред надлежниот суд за оцена на законитоста на актот.

Решението на Министерството со кое одлуката на ЗАМП се запира од извршување влегува во сила со денот на донесувањето.

Во оваа прилика уште еднаш потсетуваме дека авторите на музички дела имаат право преку соодветната организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторското право и сродните права, стои во соопштението на Министерството за култура.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.