Поврзи се со нас

Популарно.мк

Поместувањето на стрелките на часовникот лошо за вашето здравје

Магазин

Поместувањето на стрелките на часовникот лошо за вашето здравје

Изминатиот викенд повторно дојде моментот кога Европејците мораа да подразмислат дали стрелките на часовникот да се поместат нанапред или наназад. И повторно експертите ја доведуваат во прашање таа пракса укажувајќи на здравствени ризици. 

Веќе некое време критичарите на поместувањето на часовникот два пати годишно се обидуваат да докажат дека таа промена повеќе не е корисна. Сега, за да го докажат својот став, се свртеа кон науката. На една неодамнешна конференција во Брисел професорот по неврологија од Оксфорд Расел Фостер и професорот по психологија од Минхенскиот универзитет ги претставија своите наоди за тоа како поместувањето на часовникот влијае на луѓето, посебно на спиењето.

Нивниот заклучок е дека враќањето на часовникот не донесува заштеда на енергијата, претставува голем здравствен ризик и многу ја чини економијата.

Научниците се обидуваат да докажат дека промената на времето има „драстични ефекти” на физичките и менталните функции бидејќи прави збрка на биолошкиот часовник.

Како што се наведува, на децата и повозрасните им се потребни недели да се навикнат на промената. Истовремено во тоа време се забележува зголемен број на сообраќајни несреќи и компликации по хируршки интервенции.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.