Следи нѐ
To Top

АДЕЛ: Се плашам да родам уште едно дете

Познатата пејачка Адел не крие колку ужива во мајчинството, но сега призна дека не планира уште едно дете. 

Откако во 2012 година го доби синот Енџел со партнерот Сајмон Фонецки, Адел изјави дека веќе нема потреба да пишува тажни љубовни песни, бидејќи раѓањето на детето многу ја усреќило.

Сега откри дека страдала од постпородилна депресија.

– Премногу  се плашам да родам уште едно дете. Имав страшна постпородилна депресија откако го добив синот и тоа ме преплаши. Со никого не разговарав за тоа, изјави пејачката за „Венити феир“.

– Се чувствував неадекватна како да сум ја направила најлошата одлука во животот, истакна таа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.