Поврзи се со нас

Популарно.мк

Мовембер движењето го одбележуваме и во Дистрикт

МК Сцена

Мовембер движењето го одбележуваме и во Дистрикт

Забавите во Дистрикт барот и ресторан, лоциран на самиот плоштад во центарот на градот продолжуваат! Веќе некое време afterwork коктел збиднувањата во Дистрикт се дел од културната и социјална мапа на градот, па така тимот не информира дека традицијата продолжува и овој петок.

Како што изјави генералниот менаџер на Дистрикт, Јовица Mицевски: “Овој пат, во чест на месецот на машкото здравје, ноември, во Дистрикт барот и ресторан ќе се одбележи движењето познато под името Мовембер. Гостите ги очекува уште една одлична забава, со бројни изненадувања и промотивни цени на пијалаци.”

Во петок, на 4 ноември, afterwork коктел забавата на тема Мовембер, започнува во 17.00 часот и ќе трае до 20.00 часот, во екстравагантниот амбиент на Дистрикт. Пијалак на денот е Johnnie Walker Red, чија што цена промотивно ќе биде 150 денари. Како и досега на овие забави во Дистрикт, првите 50 гости кои ќе дојдат и ќе ја употребат шифрата #Friday50 на барот, ќе добијат бесплатен коктел. За музичката програма и добрата атмосфера ќе биде задолжен DJ Никифор.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.