Следи нѐ
To Top

Ураганот „Heidi“ ветува луда журка утре во МКЦ

Ураганот HEIDI, жената која во последната декада стигна до висока позиција, всушност лидер во презентација на најквалитетна андерграунд хаус и техно музика доаѓа во Скопје на забава која е закажана на 5-ти ноември, сабота, во МКЦ со почеток од 23 часот. 

–  “Јас доаѓам од подиумот, сакам да играм, за мене е разочарувачки кога си заминуваш од журката без добар и силен впечаток од неа, едноставно се трудам секој мој сет да заврши со нешто што ќе се памти и раскажува“ има изјавено Heidi за Independent.

Како диџеј има настапи на сите континенти, од фестивали до највлијателни клубови како „Watergate“ во Берлин, „Fabric“во Лондон, но работи и како уредник на емисијата „Residency“ на глобално популарното „BBC radio one“.

Таа го живее сонот на секој диџеј на планетата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.