Следи нѐ
To Top

Променливо облачно со почести сончеви – утре затоплување

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди во централните делови од земјата. Наутро во котлините по некаде ќе има појава на утринска магла, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд на северозападот и на крајниот југоисток. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб претежно  југоисточен ветер, а наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и пообилни. Локално ќе биде нестабилно и облачно особено на југозападот од земјата со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.