Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Променливо облачно и релативно топло до 21 степен

Актуелно

Променливо облачно и релативно топло до 21 степен

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, со појава на утринска магла по одделни котлини.

Ќе има услови за локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.  Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 17 степени.

Од понеделник под влијание на изразено јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни (над 50 литри на метар квадратен воден талог), особено во вторник и среда. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, а во среда кон крајот на денот и ноќта ќе го менува правецот во северен.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.