Поврзи се со нас

Популарно.мк

Париз по нападите го посетиле 1,8 милиони туристи помалку

Магазин

Париз по нападите го посетиле 1,8 милиони туристи помалку

Бројот на странските туристи во Париз по терористичките напади во неомври минатата година е намален за 1,8 милиони лица, изјави претседателот на Регионалниот туристички одбор, Фредерик Валету.

Тој прецизира дека во периодот јануари-октомври ова година Париз го посетиле 1,8 милиони туристи помалку во однос на лани истиот период.

Валету нагласи дека главниот град на Франција минатата година го посетиле 47 милиони лица, така што таа бројка оваа година е намалена за 8,1 отсто.

Тој истакна дека посебно е намален бројот на туристи од Јапонија и Кина, но и од Германија.

Валету рече дека намалувањето на бројот на туристите довело до загуба од околу милијарда евра, а ако овој тренд продолжи, финансиките загуби би можеле да достигнат и до 1,5 милиони евра.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.