Поврзи се со нас

Популарно.мк

„Кастинг талент шоу“ за мјузиклот „Тајно моја“ на МОБ

МК Сцена

„Кастинг талент шоу“ за мјузиклот „Тајно моја“ на МОБ

Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, а специјално напишан за Македонската опера и балет ќе избира пејачи преку „Кастинг талент шоу“.

Директорот на МОБ Игор Дурловски на денешната прес-конференција рече дека идејата за избор на пејачи преку „Кастинг талент шоу“ е на сличните такви шоуа од рангот на „Идол“ и „Х фактор“.

Изборот го организира Македонска опера и балет во копродукција со 3Д продукција.

– Шоуто е од типот на „Идол“ и „Х фактор“ со разлика дека тука ќе бираме пејач што освен добро пеење, ќе има и актерски способности, односно освен да испеат ќе треба тоа и да го изиграат, рече Дурловски.

Посочи дека се избираат двајца пејачи, машко и женско, кои ќе настапат во самиот мјузикл и појасни дека мема ограничувања за возраста, така што секој што има добри гласовни, актерски и танчарски способности може и треба да се пријави.

Актерот Игор Џамбазов, кој е дел од жирито на шоуто, рече дека ова е вистинско место со вистински луѓе, со супер оркестар, одличен тим од сценографи и костимографи и се што е потребно за реализација на еден мјузикл.

– Песните на Тоше Проески овој пат ќе звучат сосема различно без придружба на бенд и тоа ќе биде препуштено на Тони Петровски и Кокан Димушевски, рече Џамбазов.

Посочи дека идејата тој да биде дел од шоуто за избор на две дечиња кои ќе настапат во мјузиклот посветен на Тоше Проески е и тоа што самиот тој има играно во неколку мјузикли и тоа да го пренесе на кандидатите.

Шоуто започнува со снимање на 22 ноември и ќе биде во целосна македонска продукција.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.