Следи нѐ
To Top

ТЕСТИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Најкраток тест од само три прашања

Когнитивен тест од само три прашања е оценет како најкраток тест за интелигенција во светот, а од него е јасно дека и наједноставниот проблем може да биде многу потешко да се реши, отколку што на прв поглед се чини.

Прашање број 1: Стап и топка чинат вкупно 1,10 фунти. Стапот чини една фунта повеќе отколку топката. Колку чини топката?

Прашање број 2: Ако на пет машини им се потребни пет минути за да направа пет беџеви, колку време им е потребно на 100 машини да направат 100 беџеви.

Прашање број 3: Во езеро дел од површината е покриено со лилјани. Секој ден таа површина двојно се зголемува. Ако се потребни 48 дена лилјаните да го покриат целото езеро, колку е потребно да биде прекриено половине езеро?

Решенијата кои луѓето најчесто ги нудат како одговори се:

1. десет пени (0,10 фунти)

2. сто минути

3. 24 дена

А, точните одговори гласат:

1. пет пени (0,05 фунти)

2. пет минути

3. 47 дена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.