Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија

Актуелно

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутринава во 05 часот и 40 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Ова е втор земјотрес во изминатите 24 часа со епицентар во Грција кој е почувствува во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран вчера во 13 часот и 12 минути со магнитуда од 4,7 сптепени според Рихтер.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.