Поврзи се со нас

Популарно.мк

ГОДИНА ПО НАПАДОТ: Емотивен настап на Стинг во „крвавата“ арена „Батаклан“ (ФОТО)

Сцена

ГОДИНА ПО НАПАДОТ: Емотивен настап на Стинг во „крвавата“ арена „Батаклан“ (ФОТО)

Со најголемо ниво на обезбедување и претпазливост, вчеравечер во Париз со настапот на британската музичка легенда Стинг повторно се отвори „крвавата“ арена „Батаклан“ каде што со автоматско оружје и експлозиви беа убиени 90 посетители пред точно една година.

– „Ние нема да ги заборавиме!“ – рекол Стинг на присутната публика, откако одржа едноминутно молчење.

Сите 1.000 карти за концертот биле распродадени за помалку од 30 минути, изјавија организаторите, а карти добиле и семејствата на жртвите.

22

– „Вечерва имаме две важни работи: првата, да се сетиме на оние кои ги загубија животите во нападот, а втората – да го прославиме животот и музиката на ова историско место“ – вели музичарот.

161113124542-sting-bataclan-face-exlarge-169

Концертот го започна со изведба на песната „Фрагиле“ во која се зборува дека „никогаш ништо нема да се постигне со насилство, пренесува АФП.

33

Инаку, во повеќе координирани терористички напади во кафулиња, ресторани и на спортскиот стадион, на 13 ноември минатата година беа убиени 130 луѓе. Најмногу жртви имаше во арената „Батаклан“. Одговорноста за нападот ја презема Исламската држава.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.