Следи нѐ
To Top

Вардар го победи европскиот шампион Киелце

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар попладнево во мечот на колот од ЕХФ Лигата на шампионите го победија европскиот првак Киелце со 40:34, полувреме 18:18.

Во целосно исполнетата сала во СЦ „Јане Сандански“ двете екипи се менуваа во водство во првиот дел. Вардар имаше серија од 5-0 и највискои 9:6, а Килеце претходно водеше 6:4 по серијата од 4-0. По 14:14 ниту една екипа до 24:24 немаше поголемо водство од еден гол, а резултатот беше изедначен дури 14 пати.

Вардар се одлепи резултатски откако направи серија од 7-2, а потоа и од 6-2 и во финишот на дуелот ги имаше највискоките +9 (39:30).

Најефикасни кај Вардар беа: Игор Карачиќ со 9 голови, а по 8 постигнаа Тимур Дибиров и Алекс Душебаев, додека за Киелце Агинагалде беше стрелец на 8 голови.

Вардар следниот натпревар го игра на 17 ноември на гости кај второпласираниот тим во групата Рајн Некар Ловен.

Од 6.коло во Б групата останува вечерва да се одигра уште натпреварот Цеље – Сегед.

Табела: Вардар 10 бодови, Рајн-Некар 9, Киелце 8, Мешков Брест 6, Сегед 5, Цеље 3, Кристијанштад 3, ППД Загреб 2.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

  • Вардар триумфираше над Металург во СЕХА лигата

    Лидерот на табелата во СЕХА лигата Вардар успеа да победи во натпреварот од 10.коло против градскиот ривал Металург со 31:29. На...

    Информативна Редакцијаноември 13, 2016
  • Червар: Ова беше натпревар на играчите

    По големата победа над Чешка (34:27) и изборениот пласман на Светското првенство во Франција разбирлива беше радост во таборот на ракометната...

    Информативна Редакцијаноември 13, 2016
  • Киелце нов европски шампион во ракомет

    Ракометарите на полскиот шампион Киелце се новите европски шампиони откако во финалето вечерва во Келн го победија Веспрем по изведувањето на...

    Информативна Редакцијаноември 13, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.