Следи нѐ
To Top

СИНЕСТЕЗИЈА НА СЕТИЛАТА: Жан-Мишел Жар со магичен концерт во „Борис Трајковски“ (ФОТО+ВИДЕО)

Шоу за уживање на сетилата! Со тие зборови може да опише синоќешниот спектакл кој го приреди француската легенда на електронската музика Жан-Мишел Жар, со чиј концерт официјално започна овогодинешното издание на фестивалот „Таксират“.

Посетителите во преполната „Борис Трајковски“ каде се бараше место повеќе за стоење, беа сведоци на уникатно визуелно и аудио шоу кое на моменти изгледаше толку нестварно, што публиката едноставно доживуваше синергија на сетилата.

– „Навистина сум горд и почестен што доаѓам во Македонија токму со ова шоу. За мене тоа е навистина исклучително и многу подобро од претходните кои ги работев“ – изјави Жан-Мишел Жар.

Тој неколку пати на бината ја поздрави Македонија и своите фанови на македонски јазик, ветувајќи повторно средба во Скопје за неколку години.

Еден од настапите беше посветен и на разузнавачот Едвард Сноуден, со кој Жар се сретнал во Москва, ставајќи акцент на фактот дека ние сме тие кои треба да си ја одбранат нашата слобода и нарушување на приватноста.

– „Да викаш дека не ти е гајле за нарушувањето на приватноста зашто нема што да криеш, е исто како да викаш дека ти е гајле за слободата на говорот. Тоа што мислиш дека нема вредност денес, може да има вредност во иднината на другите луѓе“ – рече Сноуден во видеоснимката.

0114bd8086391eba67c6458101222c9b831e060dbd

Инаку, Жан во Скопје дојде со најмодерна концертна опрема со дури шест шлепери и пет автобуси – најтлајнери за техничкиот тим, а дел од ласерските ефекти можете да ги погледнете во видеото кое следува.

 

 

 

На самиот крај, ниту Жан Мишел Жар, ниту публиката сакаа да си одат, па тој побара од публиката да ги вклучат светлата од мобилните, и да го завршат концертот со спектакуларно светлечко шоу.

019f11ad3a3dbbe3bd70e608a7b9fc5288a6cdbb8a

Концертот на овој класичар долго ќе се памети.

Во продолжение погледнете ја галеријата од концертот (ФОТО: Таксират / Емилија Стојменовска / Популарно.мк)

Емилија Стојменовска / Популарно.мк Емилија Стојменовска / Популарно.мк Емилија Стојменовска / Популарно.мк Емилија Стојменовска / Популарно.мк
<
>
Емилија Стојменовска / Популарно.мк

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.