Следи нѐ
To Top

СЀ УШТЕ ПОТРЕСЕНА ОД ГРАБЕЖОТ: Ким Кардашијан редовно оди на терапија кај психијатар

Нецели два месеци по грабежот во Париз, американската старлета Ким Кардашијан не може да се опорави од шокот што го доживеала кога вооружени напаѓачи упаднале во нејзиниот стан и под закана со оружје однеле накит вреден 11,2 милиони долари.

Полицијата се сомнева дека припадниците на бандата „Пинк Пантер“ ја ограбиле американската ѕвезда од реалните шоуа. Наводно, ограбувачите ја врзале Кардашијан и ја затвориле во бањата. Тие украле кутија со накит вреден 6,7 милиони долари и прстен од 4,5 милиони долари. Полицијата го приведе фотографот кој успеа да и пријде на Ким и нејзиното семејство за време на вечерата во еден ресторан во Париз.

Ким веќе два месеци има кошмари поради грабежот, а единствена личност со која е во постојан контакт, освен семејството и блиските пријатели, е нејзиниот психијатар кој се обидува да и помогне да го надмине овој тежок период. Поради тоа Ким три пати седмично оди на тарапија бидејќи сака да продолжи со нормалниот живот, односно со животот каков што и бил пред грабежот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.