Следи нѐ
To Top

Гугл и Фејсбук заедно ќе се борат против дезинформациите

Гугл и Фејсбук заеднички ќе се справуваат со лажните информации коишто се распространуваат преку социјалните мрежи, пишува порталот „Блумберг“.

Причина за тоа се се позачестените критики кон тие две компании, дека нудат основа за масовно ширење на дезинформациите. Како главен аргумент се посочува примерот со претседателските избори во САД, врз чиишто резултат, според многумина критичари, влијаеле социјалните мрежи.

реклама

Во што се состојат мерките? Aлфабет – компанија мајка на Гугл, вчера најави забрана за рекламирање на веб страниците кои служат за пропаганда и манипулации. Компанијата сепак нема да го преземе најригорозниот чекор – целосно прекратување и забрана на самите веб страници.

– Во иднина ќе ги ограничиме рекламите, коишто им ги предлагаме на страниците за кои сметаме дека пуштаат невистинити информации и нема јасен податок за тоа кој е нивни сопственик и автор, образложи Андреа Фавил, потпарол на Гугл.

Гугл и Фејсбук пак, од своја страна, велат дека ќе продолжат со сите расположливи средства да ги маргинализират несигурните страници.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

  • Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

    Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш...

    Информативна Редакцијаноември 15, 2016
  • Чернобил повторно произведува струја

    Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околу Чернобил и на местото каде што се случи...

    Информативна Редакцијаноември 15, 2016
  • Речиси 260 луѓе загинале правејќи самослик

    Со појавата на „паметните телефони“, самосликовите станаа прилично популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и...

    Информативна Редакцијаноември 15, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.