Следи нѐ
To Top

ИНТЕРЕСОТ ПОГОЛЕМ ОД ЛАНИ: Започнува продажбата на влезници за фестивалот „Егзит“

До следниот „Егзит“ фестивал и големата прослава на 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“ остануваат уште осум месеци, а интересот за влезниците е дури двојно поголем од претходните години!

Веднаш по завршувањето на овогодишното фестивалско издание, во рок од само пет дена, за првите влезници се пријавија дури 20.000 фанови од над 60 земји во светот. Сите пријавени во тој период веќе ги набавија своите билети, и тоа порано од било кога претходно. Во среда на 7-ми декември, точно на пладне, почнува и глобалната продажба на влезниците за „Егзит – лето на љубовта 2017“!

Многу ограничен број на влезници ќе биде достапни по првата, промотивна цена од 3.580 денари, што претставува заштеда од дури 60% во однос на полната цена. Од 7-ми декември почнува и продажбата на влезниците за фестивалскиот камп на брегот на Дунав по цена од 1.630 денари.

„Егзит“ фестивалот ќе се одржи од 6-ти до 9-ти јули 2017 година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и ќе биде во знак на прославата на 50 години од славното „Лето на љубовта 1967“, кога настана револуционерното хипи движење кое засекогаш го промени светот, борејќи се за мир, слобода на говор, човекови права, односно општествена, расна и полова рамноправност.

Првите потврдени изведувачи ќе бидат објавени наскоро, а љубителите на фестивалот можат да ги очекуваат некои од најактуелните изведувачи од светската музичка сцена во комбинација со проверени имиња, и тоа од најразлични музички жанрови по што „Егзит“ е воедно познат на светската фестивалска сцена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.