Следи нѐ
To Top

МОБ ги презакажа премиерата и првата реприза на балетот „Клеопатра“

Премиерата на балетската претстава „Клеопатра“ најавена за 17 ноември од технички причини се презакажува за 19 ноември од 20 часот, соопшти Македонската опера и балет.

Репризата, пак, која беше најавена за 19 ноември, се поместува за идниот петок, 25 ноември, од 20 часот. Репризата која беше втора и закажана за 23 ноември останува во истиот термин.

– Сите купени билети за претставата на 19 ноември ќе важат за презакажаната претстава на 25 ноември, а оние посетители кои не се во можност да дојдат, можат да ги заменат за претставата која е закажана на 14 декември 2016, или ако сакаат ќе им бидат вратени парите за купените билети, соопшти МОБ.

На прес-конференција минатата недела МОБ ја најави како балетски спектакл новата премиера, со која примабалерината Александра Мијалкова ќе одбележи 25 години уметничката дејност.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.