//
Следи нѐ
To Top

Замокот на Дракула сепак не е на Дракула?

Сите, освен неговиот сопственик, замокот „Бран“ го повзруваат со Дракула. За Аршдук Доминик Хабсбург, оваа тврдина во Романија претставува поранешен дом на неговата баба, кралицата Марија од Единбург и дедото, кралот Фердинанд Романски, кои од замокот направиле среќно место на „светла и цвеќиња“.

Мал број луѓе денеска знаат нешто повеќе за овој замок, освен тоа дека во 1897 година послужил како инспирација во приказната за вампирот на Брам Стокер и дека некогаш тука живеел Влад Чепес Трети или Влад Дракула.

реклама

Хабсбург (79), кој живее во Њујорк, за сето ова ја обвинува романската Влада. По падот на комунизмот, во 1989 година, власта ја искористи поврзаноста на замокот со Дракула за да привлече туристи и да ја некогашните кралски жители да ги прикаже како „главни експлоататори на сиромашните“, наведува Хабсбург.

Во реалноста, локалното население ја сакало кралицата Марија, внука на кралицата Викторија, толку многу што и ја поклонило тврдината од 14 век, наведува Хабсбург.

Откако во 2006 година го налседиле закомот, тој и неговите сестри се обидуваат да го ослободат од „лошиот“ глас со додавање на мебел и учење на посетителите за неговата историја како место каде живеело кралското семејство.

Набрзо кралската „соба за чај која ги угостила посетителите од целиот свет“, ќе стане ресторан.

Хабсбург знае дека засекогаш ќе остане поврзаноста на Бран со Дракула, затоа што повеќе од 800.000 туристи кои секоја година го посетуваат „доаѓаат заради Дракула, но си заминуваат со кралицата“, вели Хабсбург.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2016
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2016
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: