Поврзи се со нас

Популарно.мк

СТИВЕН КОЛБЕРТ ДО МАКЕДОНСКИТЕ ТИНЕЈЏЕРИ: Оставете го Трамп, играјте си како останатите деца! (ВИДЕО)

Видео

СТИВЕН КОЛБЕРТ ДО МАКЕДОНСКИТЕ ТИНЕЈЏЕРИ: Оставете го Трамп, играјте си како останатите деца! (ВИДЕО)

Во синоќешното издание на една од најгледаните амерички лејтнајт емисији „The Late Show with Stephen Colbert“, познатиот комичар Стивен Колберт зборуваше за лажните вести кои масовно се споделуваа на Фејсбук во текот на изминатите месеци и влијанието што тие го имаа врз изборите во САД.

Тој директно се обрати на македонските тинејџери кои објавуваа вести со поддршка за Трамп, на лажни веб сајтови регистрирани во Велес.

– „Испадна дека 100 различни вебсајтови доаѓаат од тинејџери од еден мал македонски град кои сакале да заработат пари онлајн и заклучиле дека најдобар начин да добијат повеќе споделувања на Фејсбук е да објавуваат сензационалистички и често лажни „вести“ кои добро им звучат на поддржувачите на Трамп. Што ме носи до мојот нов сегмент: Еј, македонски тинејџери! Престанете! Зошто едноставно не можете да правите нормални тинејџерски работи?“, прашува Колберт во неговата емисија.

Погледнете го видеото каде што Колберт во 6.40 минута им се обраќа на младите велешани:

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Видео

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.