Следи нѐ
To Top

Зошто патниците ракоплескаат при слетување на авионот?

Стјуардесата Кара Мулдер го објави своето мислење за овој феномен на нејзиниот блог, The Flight Attendant Life.

Таа истакна дека ракоплескањето на патниците претежно е поврзано со дестинацијата на која се оди.

– Ако патувате во Њујорк, за голем број луѓе (барем Американци), тоа е работен пат. Ако одите во Лас Вегас, одите да се забавувате – на таа дестинација патниците ќе ракоплескаат во 80 отсто од случаите, вели Мулдер.

Според нејзиното искуство пилотот обично добива аплауз ако успешно слета и покрај лошото време или некоја друга препрека.

Некои патници кои често патуваат забележале дека ракоплескањето обично се јавува кога луѓето се враќаат од дијаспората во своите родни земји, кај нивните семејства, кои долго време не ги виделе.

Уште еден фактор, кој влијае на ракоплескање е честото патување. Ако секоја втора недела се наоѓате во авион, сигурно нема да ракоплескате секогаш кога слетувате.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.