Следи нѐ
To Top

ИСТРАЖУВАЊЕ: Жените се чувствуваат најпривлечни на 31 година

Едно неодамнешно истражување потврди дека самодовербата има големо влијание врз луѓето, заклучувајќи дека дури и тајната на добриот изглед се крие во самодовербата и ставот кој го имаме.

Истражување откри дека припадничките на понежниот пол се чувствуваат најубави и најпосакувани на 31-та година од животот.

Зошто токму тогаш? Одговорот е многу едноставен.

Колку што се старее, така се станува посвесен за своите квалитети, што дава голема предност пред младите жени кои се почесто се чувствуваат несигурно. Исто така, со годините се развива личниот стил било да се работи за мода или убавина и се повеќе се одалечува од масата.

Со друго зборови, со годините се знае што ни стои и во што се чувствуваме најпријатно, а тоа е на врвот во доцните 20-ти, односно раните 30-ти години.

Истражувањето беше спроведено на повеќе од две илјади испитаници, мажи и жени, а од нив 70 осто откриле дека клучен фактор кои жената ја прават повеќе привлечна е нејзината самодоврерба. За изгледот на жената се одлучиле 67 отсто, а 47 за стилот.

Заклучокот е едноставен: самодовербата, ставот и се друго што доаѓа од внатре е поважно од физичките карактеристики, односно надворешноста.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Наместо брак десетгодишен договор за врска

    Во светот денес во просек повеќе од една третина од браковите завршуваат со развод, поради што експертите ги советуваат паровите наместо...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2016
  • Осум правила за уживање во кафето

    Уживателите на кафето секојдневно се соочувуаат совети и мудрувања околу тоа – дали кофеинот е штетен или полезен.

    Информативна Редакцијаноември 16, 2016
  • Руски научници од јаглен направиле злато

    Научници од руската Амурска Област по долгогодишни истражувања успеале да дојдат до заклучок дека е можно од искористен јаглен да се...

    Информативна Редакцијаноември 16, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.