Поврзи се со нас

Популарно.мк

Mажите на убавина трошат повеќе пари од жените!

Магазин

Mажите на убавина трошат повеќе пари од жените!

Мажите трошат се повеќе пари на разни работи за кои веруваат дека ќе им помогнат да изгледаат подобро.

Ова се наведува во едно ново американско истражување во кое се тврди дека мажите се подготвени да платат многу повеќе пари за да изгледаат убаво отколку жените.

Истражувањето кое  го спроведе „Санкорп“ на една илјада мажи, покажа дека мажите на возраст од 20 до 30 години трошат повеќе пари на облека, обувки и производи за убавина, отколку нивните врснички.

Резултатите покажаат дека младите мажи во просек трошат 439 долари месечно за да изгледат убаво, додека жените за тоа издвојуваат 390 долари.

– Мажите многу повеќе се заинтересирани за модата и трндовите. Повеќе не користат само балзам по бричење, туку сега ги купуваат сите видови козметика – од креми и производи за коса, па до парфем, изјави раководителот на истражувачкиот Марк Меккриндл.

Менаџерката на „Санкорп“, Даниел Сим наведува дека резултатите од истражувањата покажале дека некои навики на младите се променети.

– Истражувањето покажа дека луѓето на возраст од 20 до 30 години се денес имаат поинакви приоритети. Речиси половина од испитаните мажи изјавиле дека не сакаат да пропуштат значајни општествени настани, вели Сим.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.