Следи нѐ
To Top

Петгодишна Русинка прогласена за „најубаво девојче на светот“

Наследничка на Тилан Блонду од Франција и Кристина Пименова од Русија, носителки на титулата „најубавото девојче на светот“, е петгодишната Русинка Анастасија.

Тилан, која денес има 12 години, пред две години предизвика своевиден скандал со своите фотографии во списанието „Воуг“, за кое позираше со шминка и во потпетици. Десетогодишна Кристина, пак, со своето доаѓање од Москва во Лос Анџелес, веднаш го заведе светот, па потпиша договор со агенцијата „Л.А. Моделс“.

Сепак, сега тие имаат силна конкуренција во двојно помалата Анастасија, која е прогласена за „најубавото девојче на светот“.

Малата убавица, чии што профили на социјалните мрежи сепак ги уредува нејзината мајка, има продорни сини очи и светла иднина на топ модел пред себе.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.