Следи нѐ
To Top

Најстудено во Петровец, најзагадено во Куманово

Најниска температура, од минус три степени, изутрина во седум часот е измерена во Скопје Петровец, по што следат Струмица, Тетово, Демир Капија и Гевгелија со минус два,  Битола и Прилеп со минус еден, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нула степени се измерени  во Скопје, Крива Паланка, Лазарополе, Маврово, Штип, Дебар и Куманово,  еден степен во Пожаране, два во Виница, Ѓуриште, Претор, Дојран, Охрид,  три во Крушево, четири во Берово и Тополчани.

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со појава на слаба магла по одделни котлини, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура  ќе  биде од 11 до 18.

Во Скопје сончево со слаба магла и со слаб југоисточен ветер, а максималната температура до 13 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините и речните долини со појава на магла и ниска облачност, особено претпладне. Ќе дуваслаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти од -4 до 2 степена, а највисоката  дневна ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност, особено во претпладневните часови.

Од средината на наредната недела дневната температура ќе има тенденција на благо опаѓање.

Во поголемиот дел од земјава, утрово, како и во текот на ноќта се регистрирани повисоки концентрации на ПМ10 честичките.

Од скопските општини во Центра утрово во осум часот се измерени 117,90 микрограми на метар кубен, Карпош 155,26, Лисиче 226,03, Ректорак 143,57 и Миладиновци 143,41 микрограми. Во Кичево се измерени 100,90 микрограми, Тетово 140,88 микрограми, Велес 105,73, Кочани 89,84, Кавадраци 123,77 и Куманово 162,10 микрограми.

Во текот на ноќта се измерени повисоки концентрации кои во Центар достигнаа до 192 микрограми, Гази Баба 346,58, Карпош 304, Лисиче 407,38, кај Ректорат 660,09 и во Миладиновци 261,12 микрограми на метар кубен.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.