Следи нѐ
To Top

Сараевски хостел на туристите им овозможува да го вкусат воениот живот

Еден хостел во Сараево на посетителите им нуди едноставно искуство – да минат неколку денови како да се наоѓаат во војна.

Гостите на „Воениот Хостел“ на влезот добиваат шлем и воена униформа. Спијат во соби осветлени само со една сијалица што се напојува од акумулатор. Најлоните на прозорците се исти како тие што Обединетите нации им ги делеле на Сараевчани, за да ги заменат стаклата на прозорците разнесени од гранати.

Ноќе тие можат да се служат со свеќи за да се движат низ хостелот, чии ѕидови се „украсени“ со странски весници од времето на војната.

Пред да заспијат, со звуците на експлозии од гранати, штпо доаѓаат од разглас, сопственикот на хостелот ( се претставува како „Zero One“) гостите ги запознава со неговите сеќавања на војната и повоениот период.

Прекарот што Аријан Курбашиќ од Сараево го избра за себе, беше тајното име на неговиот татко, учесник во војната на страната на босанската армија.

– Јас сакав луѓето да ме гледаат како човечко битие, што е најважна работа во текот на војната, рече Курбашиќ, објаснувајќи зошто на странците им се претставува под името „Zero One“.

На гостите се чини им се допаѓа оваа симулација.

– Најдобар начин нешто да научите е преку искуство, изјави Американецот Ендрју Бернс (21), гостин во хостелот.

– Тоа дава емоции зад настанот. Јас можам колку сакам да читам книги но таквите инфомрации брзо се забораваат. Меѓутоа, кога сум тука и кога со луѓето разговарам за нивните искуства, тоа е многу реално, додава тој.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.