Следи нѐ
To Top

ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ: Бизарни работи што во САД се казнуваат со затвор

Во САД постојат неколку бизарани закони, но, за среќа, добар дел од нив не се спроведуваат. Замислите да Ве обвинат за криминал затоа што, на пример, вашата сопруга ја скратила косата без ваша дозвола.

Но, тоа е само почеток, а списокот на бизарности е долг, па слободно забавувајте се читајќи го.

Алабама: Меѓу посетителите во црква не е дозволено носење на лажни мустаќи, што предизвикуваат смеа.

Алјаска: Незаконско е да се буди мечка која спие.

Колорадо: Немојте да јавате додека имате температура, би можеле да платите казна.

Флорида: Ако поседувате слон и го врзете на паркинг, за него морате да платите иста сума како за паркирање автомобил.

Хаваи: Не е дозволено ставање метални пари во ушите.

Илиноис: Малолетници не смеат да консумираат алкохол, освен ако не се работи за емисија за готвење.

Индијана: Сакате да носите мустаќи? Доколку сакате да поздравувате други луѓе со бакнежи, подобро е да ги избричите затоа што можат да ве тужат.

Калифорнија: Забрането е да се изеде жабата која учествувала во натпревар во скокање на жаби.

Јужна Каролина: И додека во Аризона е забрането чување магаре во када, тука таквиот закон се однесува на коњи.

Јужна Дакота: Не смеете да спиете во фабрика која се занимава со производство на сирење.

Луизијана:  Доколку на друг му нарачате пица, а пред тоа не го информирате, ќе платите казна од 500 долари.

Мериленд: Во парковите е забрането носење маица без прерамки.

Мичиген Ако сопругот не даде дозвола, жената не смее да ја крати косата.

Мисури: Противзаконски е да возите мечки кои не се сместени во кафез.

Ново Мексико: Тука не се добродојдени „Ромео и Јулија“, со оглед дека од книгата на Шекспир се цензуирани дури 400 зборови.

Њујорк: После десет навечер заборавете на папучи, забранети се.

Орегон: Лов на животни на гробишта? Не знаеме кој би помислил воопшто на тоа, но Орегон таа можност и законски ја забрани.

Тексас: Забрането е продавање очи.

Јута: Во државата на Мормоните забрането е да не конзумира млеко.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.