Следи нѐ
To Top

Канjе Вест во болница по откажувањето на турнејата

Американскиот рапер Канје Вест бил итно хоспитализиран по откажувањето на 21 концерт од својата северноамериканска турнеја, јави „Њујорк Тајмс“.

Гласините говорат дека се работи за истоштеност. Триесет и деветгодишниот рапер моментно се наоѓа во клиника во Лос Анџелес, на психијатриско одделение.

Мајк Лопез, портпаролот на Полицијата на Лос Анџелес, изјави дека вчера попладне добиле повик за нарушување на јавниот ред на адреса на којашто се наоѓа еден од имотите на ѕвездата. По пристигнувањето, тие веднаш повикале и итна помош.

Откажувањето на турнејата на Канје уследи по неговиот јавно искажан политички став во средата, дека за него, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп е „апсолутно генијален“. Во неделата, организаторите на Твитер објавија дека сите преостанати 21 концерт од турнејата што требаше да трае до 31 декември, се откажани и дека парите за билетите ќе бидат вратени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.