//
Следи нѐ
To Top

Французин открил 100 кг злато во куќата што ја наследил

Еден Французин, кој наследил голема куќа од свој роднина, открил во неа 100 килограми злато, сокриено во дното на  стар мебел.

Човекот, чиј идентитет не е откриен, открил вкупно пет илјади парчиња злато, во монети, калапи и прачки. Вредноста на златото е проценето на 3,5 милиони евра.

реклама

Скриеното богатство било најдено во куќа во Нормандија, во мебел што новиот сопственик се подготвувал да го продаде или да го фрли.

Во куќата што ја наследил, човекот наишол на поголем број различно богатство од стари, но убаво изработени предмети и мебел.

На дното во едно од парчињата мебел, добро сокриена, тој прво пронашол метална кутија со златници, а откако продолжил да трага, се појавила сокриена кутија од виски и на крајот и цел куп од златни прачки. Вчудоневиден од откритието тој го повикал својот адвокат за да направи попис на најденто злато.

Покрај златниците, биле најдени и два златни калапи од по 12 килограми, како и 37 златни прачки, сите од по еден килограм.

Медиумите кои пишуваат за случајот, објаснуваат дека златото било легално набавено и потекнува од педесетите и шеесетите години на 20 век, но засега не се знае зашто било сокриено и оставено, цели шест децении.

Еден локален аукционер, кој пронаоѓачот на златото го повикал претходно за да го процени мебелот што требало да биде однесен од куќата и продаден, изјавил за медиумите дека богатството било „исклучително добро сокриено“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаноември 23, 2016
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаноември 23, 2016
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаноември 23, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: