Следи нѐ
To Top

БЕГСТВО ОД РЕАЛНОСТА: Десет најоддалечени места на планетата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Планетата Земја е преполна со голем број убави краишта со пријатна клима, совршени за живот. Многумина од нас сакаат да бидат некаде, каде што зимите не се многу студени, а летата не се премногу топли.

Од друга страна некои делови на Земјата се толку многу негостољубиви што се прашуваме зошто некој би сакал да ги посети.

1. Ојмјакон

Мало село до 500 жители сместено во Сибир. Далечната 1933 година ја освои титулата за најстудено редовно населено место на Земјата, кога температурите паднаа до минус 68 Целзиусови степени. Ова место не е идеална дестинација за вегетаријанците, бидејќи не е возможно одгледување на овошје и зеленчук на екстремно ниските температури, така што исхраната се базира само на месо.

Туристите во Ојмјакон се привлечени од климатската специфичност. Во 2012 година го посетиле дури 57 туристи и и сите тие добиле Уверение за претстој на Полот на студот.

coldest-place-on-earth-oymyakon-valley1

2. Тристан да Куња

Најблиско населено место кон западот е оддалечено 3.200 километри, а кон истокот само 2400. Архипелагот Тристан да Куња се наоѓа на Антарктикот и е дом на 300 луѓе. На островот нема аеродром, списанија, ниту телевизија. Но постои училиште, болница, пошта, музеј, кафуле, пивница и базен. Островот е под управата на Обединетото Кралство.

thumb

3. Бароу

Во споредба со претходниците на списокот, Бароу е велеград. Среде Арктичкиот круг, на Аљаска, во него живеат дури четири илјади лица. До него не водат никакви патишта, бидејќи околината е секогаш замрзната.

ryan_arctica13_projects1

4. Островот Десепшн

На Антарктичкиот полуостров, островот „Измама“ е дом на неколку истражувачи и туристи. Опркужен со најнегостољубливиот океан, овој остров има преубава природа и тивко пристаниште, но и изворска вода за пиење. А зошто се вика остров на Измамата? Затоа што поточно и не е остров, туку котел со активен вулкан.

Passengers from the MV Polar Star, an expedition cruise ship, bathing in the thermal vents at Deception Island, a dormant caldera.

5. Велигденски Остров

Велигденскиот Остров или Рапа Нуи не е дом само на необичните скулптури, туку и на шест илјади луѓе кои живеат таму. Името му го дал холандскиот истражувач Џејкоб Роџевин, кој налетал на него на велигдеската недела.

easter-island-1645801

6. Станицата Мек-Мердо

Оваа станица е оддалечена само 1,3 километри од Јужниот Пол и постои уште од 1950 година. Се уште е многу витална, но и застрашувачка.

ss

7.Свалдбард

Серијата острови со две ијади жители, Свалбард се наоѓа меѓу Норвешка и Северниот Пол. Толку малку луѓе на располагање имаат седум национални паркови и 23 резервати. Зимно време тука Сонцето излегува на еден час, но лето денот трае 24 часа.

111

8. Кејп Јорк

На североисток од Австралија, на големиот врв на островот Кејп Јорк живеат 18 илјди луѓе, од кои повеќето се Абориџини. Тие живеат на речиси 200 илјади квадратни километри прашума и савана.

lunch-spot-near-the-tip-41

9. Атол Суваров

Корален остров на кој не живее никој. Интересно е дека тука е пронајдено вистинско закопано богатство.

d0ec748858f9c1eb88f0394bba6196a01

10. Ла Ринконада

Ла Ринконада се наоѓа на висина од 5.100 метри и тоа е највисоката точка, на која луѓето живеат. Таму нема водовод, ниту канализација, но има многу труење од жива од блискиот рудник за злато.

b5c400bd-0f35-461a-b21d-2dc77011145e1

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.