Следи нѐ
To Top

Град во Албанија го прогласи Трамп за почесен граѓанин

Албанскиот град Камза, познат по тоа што улиците се именувани по светски познати личности, го прогласи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за почесен жител на градот.

Управата на градот едногласно ја донесе ваквата одлука, истакнувајќи дека Трамп е „револуционерен модел на новиот демократски поредок, економски експерт, надворешно-политички посредник, вешт, речит и лидер на модерното време”.

Во декларација уште се посочува и дека „Трамп е најдобрата алтернатива за сите Американци, кои со право се чувствуваат разочарани од политичката елита“.

Власта во градот Камза, што се наоѓа близу Тирана, ја фаворизилата опозициската конзервативна Демократска партија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.